Суви колачиња од кикирики
Состојки
- 125 г. Несолени печени кикирики
- 1 лажица сок од лимон
- 1 белка од јајце
- 150г шеќер
- прстофат (низ прсти) сол
Подготовка
1. Вклучете ја рерната на 160 ° Ц.
2. Изматете ја белката од јајце со малку сол да стане како цврст снег. Додадете сок од лимон и шеќер, мешајќи нежно од дното до врвот. Измешајте ги сецканите кикирики.
3. Со хартија за печење обложете го тавчето и намачкајте го со малку масло.
4. Со лажица ставајте мали купови од направената смеса во тавчетото со оставен доволен простор меѓу нив. Се печат во рерна на 160 ° околу 15-20 минути, односно додека колачињата не добијат убаво златна (беж) боја.
5. Извадете ги од рерната, оставете ги добро да се оладат и веќе се подготвени да уживате во нивниот ароматичен вкус!
п.с. Многу се вкусни и... пазете на печењето оти горат брзо, но секој си ја познава домашната рерна!