Испечати

Караѓорѓева торта

Караѓорѓева торта

Состојки

  • 14 јајца
  • 350 гр. шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 250 мл. млеко
  • 250 гр. сецкани ореви
  • 200 гр. чоколадо
  • 310 гр. маргарин
  • 100 гр. шлаг

Подготовка

Мојата роденденска КРАЛСКА КАРАЏОРЏЕВА ТОРТА !
1. Тесто- Се матат 13 белки со 13 лажици шеќер,потоа им се додава 250 грама ореви сецкани, 3 лажици брашно.Се стават во плех со намрсена хартија.Шпоретот се загрева на 200 степени , се става смесата за тестото на тортата и се намалува на 180 степени , се печи но целта е да се суши белката,се додека не добие убаво златно румена боја.Се сечи тестото на три ленти.
2.Карамел- Се ставаат 8 лажици шеќер на тивко да се топат.Кога е готов карамелот со лажица додека е врел се става врз тестото и се размачкува да биде цело тесто направено со истиот.Веднаш кога е ставен врз тестото тој ја добива таа цврста “камена”форма.
3.Фил- Се топи на многу тивко 200 грама чоколадо со 60 грама маргарин и едно цело јајце.Постојано се меша убаво да се соедини.Уште топло се нанесува врз тестото на кое го има карамелот.Се мазни да ја зафати целата површина.
4.Фил-13 жолчки се матат со 200 грама шеќер.Им се додава пола филџан -50 грама со млеко.Потоа се ставаат да се варат на пареа додека се згуснат.Се оставаат да се изладат убаво. Потоа се меша со миксерот 250 грама маргарин (можи и половина маргарин половина путер или пак еден путер од 250 грама во зависност кој како сака по вкус). Во него се додава изладениот фил со жолчки, се додека се добие кремаст фил.
Се филова.Прво на тестото му беше ставен карамелот, па потоа чоколадото, остана за крај само филот од жолчки.
5.За одозгора употребена е шлаг пена -100 грама со 200мл млеко.
Украсувањето е по сопствена желба !
.