Банана сплит торта
Состојки
- Тесто*
- 200 гр. брашно
- 30 гр. чоколадо
- 750 мл. јогурт
- 2 јајца
- 150 гр. шеќер
- 1 лимон
- 2 ванили
- 150 мл. зејтин
- 1 пециво
- Фил*
- 2 кесички шлаг крем
- 600 мл. слатка павлака
- 3 банани
- 100 гр. чоколадо
- 200 мл. млеко
- За украс*
- 2 шлага
Подготовка
1. Во сад за матење се ставаат јогуртот,шеќерот и јајцата и се матат убаво со миксер.
2. Лимонот се цеди и сокот се додава во смесата.
3. 30 гр. чоколадо се сечка на парчиња и се става и тоа во смесата.Повторно се мати со миксер и се додава ванилата,зејтинот,брашното и пецивото.
4. Откако ќе се измати убаво смесата се истура во тркалезен калап бр.26 обложен со хартија и се пече на 180 Ц. 30 мин.
5. Во сад се мати 500 мл.слатка павлака убаво и се трга на страна .Во друг сад се матат двата крем шлага со 200 мл. млеко убаво и потоа се соединуваат со слатката павлака и се заедно се мати со миксер се соединува.
6. Филот се нанесува на веќе оладеното тесто.
7. Преку него се редат бананите исечени на кругови.
8. На страна се става да се растопи 100 гр. чоколадо(јас секогаш користам млечно) и 100 мл.течна павлака.Се меша смесата додека се растопи чоколадата и се трга на страна малку да се олади и да се згусне и тогаш со лажица се полива врз бананите и се остава да се излади.Одозгора се украсува со разматен шлаг или чоколаден прелив.
.............Тортата ја правев по повод роденденот на мојот сопруг, и нормално многу му се допадна Ч))..........