Лешник-капучино труфли
Состојки
- 100 гр мелени лешници
- 150 гр мелени бисквити
- 100 гр шеќер во прав
- 80 гр маргарин или путер
- 2 лаж. бурбон (или виски, коњак, рум)
- 4 лаж. капучино (во прав)
- 100 гр чоколадо и 2 лажици масло за глазирање
Подготовка
Се топи маргаринот(путерот). Се додава шеќерот, бурбонот и капучиното. Се трга од оган и се додаваат мелените лешници и бисквити. Убаво се промешува и се остава на кратко во фрижидер да се излади. Потоа, смесата се расплескува на работната површина и се вадат кружни или овални форми со помош на малечки калапчиња, или, едноставно со раце.
Труфлите се оставаат во замрзнувач, додека се растопува чоколадото, во кое се додаваат и 2 лажици масло и потоа се глазираат.