Испечати

Црно-бели коцки

Црно-бели коцки

Состојки

  • 350 гр чоколадни бисквити
  • 200 гр бело чоколадо
  • 50 мл слатка павлака
  • 150 гр маргарин
  • 150 гр мелени лешници, малку млеко за бисквитите
  • Глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 50 мл масло

Подготовка

За кремот, чоколадото и павлаката стопете ги на пареа, измешајте ги и споете ги со веќе измиксаниот маргарин. Ставете ги лешниците.
Бисквитите малку мрцкајте ги во млекото и редете ги на некоја тацна. Јас ставam по 8 бисквити во еден ред, па намачкајте ги со третина од филот, па нов ред бисквити и така три пати.
Одозгора прелијте ги со глазурата.
Брзо, лесно, едноставно а добро.