Испечати

Ќофтиња од пире

Ќофтиња од пире

Состојки

  • 500 гр. компир
  • 250 мл. вода
  • 100 гр. путер или маргарин
  • 120 гр. брашно
  • 2 јајца
  • малку сол,бибер
  • мешан сув зеленчук,вегета

Подготовка

1. Компирот се лупи се сече на парчиња и се вари во малку солена вода.
2. Сварениот компир го цедиме од водата и го пасираме со алатка.
3. Во тенџере на страна го ставаме путерот и водата на оган (путерот да се растопи)
4. Кога ќе почне водата да врие се става брашното и се меша додека тестото не почне да се дели од рабовите од тенџерето и го тргаме на страна.
5. Во тестото ги додаваме јајцата,испасираниот компир,сол,зачини и бибер по вкус.
6. Оваа смеса добро се измешува и се формираат топшиња со големина колку орев и малку се сплескуваат за да дојдат како ќофте.
7. Ќофтињата ги пржиме во тефлонска тава на многу малку зејтин(повеќе ги печеме отколку што ги пржиме)од двете страни додека убаво не поруменат и ги ставаме на хартиена салветка.

....Овие ќофиња добро доаѓаат како замена за класичното пире или пржени компири и се служи како додаток со главно јадење од месо или риба или пак со обарен грашак,моркови,мешан зеленчук.....