Пилешко со пиво
Состојки
- 1 кг пилешки копани
- 1 голема главица кромид
- 1 чешне лук
- 500 мл вода
- 200 мл пиво
Подготовка
Пилешките копани ги ставаме во тенџере со кромидот пресечен на крупно, лукот и зачини по желба. Ние многу ги употребуваме рузмаринот и ловоровиот лист. Се посолува и се става да се варат Откако ке бидат сварени копаните ги вадиме и ги ставаме во тава а содржината од тенџерето (кромидот лукот и зачините) ја пасираме и неа ја ставаме во тавата. Копаните ги полеваме со чаша пиво и ги посолуваме со вегета и ги ставаме да се печат. Маслото намерно го изоставив затоа што тие самите си се доволно мрсни.