Испечати

Пилешки прсти со прилог ориз

Пилешки прсти со прилог ориз

Состојки

  • За пилешки прсти
  • 500 гр пилешки стек
  • 120 гр брашно
  • 120 гр пиво
  • 4 јајца
  • За прилог ориз
  • 200 гр ориз
  • 400 гр вода
  • 1 лаж. зачин
  • 1 лажиче сенф
  • 1 жолчка

Подготовка

Пилешкиот стек се сечи на текни долгнавести парчиња со ширина од 1 см.
Најпрво се матат белките. Посебно се матат жолчките со пивото и брашното и потоа се додаваат на изматените белки. Убаво се промешува. (Јас употребив пола доза од ова и точно ми стигна за половина кг стек. Но, така ми е запишан рецептот и оригинал го пренесувам...можеби има врска ако правите покуси парчиња од овие на сликата).
Секое парче стек прво се валка во брашно и потоа во смесата и се пржи во загреано масло од сите страни додека не добие убава боја. Пржените пилешки прсти се одложуваат на книжна салфетка за да се упие вишокот на мрснотија.
Оризот и водата се варат. На крај се додаваат зачинот, сенфот и жолчката и се остава на оган уште 5 мин. За тоа време треба без прекин да се меша.
Добар апетит!