Испечати

Видео рецепт: Паштета од пастрмка

Видео рецепт: Паштета од пастрмка

Состојки

    Сигурни сме дека овој рецепт бргу ќе се вброи меѓу омилените во семејството… Свежата риба е важен дел од редовната исхрана и ова е вкусен начин да се сервира секаков вид риба. Ние во случајов користиме пастрмка...

    Состојки

    • 1 голема пастрмка
    • 200 грама крем сирење
    • 1 лимон
    • 2 кришки црн леб
    • Салата за сервирање
    • Сол и бибер
    • Маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Прво ќе ја готвиме пастрмката. Загрејте ја рерната на 180 степени и земете ја Делимано тавата за рерна. Едноставно исечете линии на двете страни од рибата и зачинете ја со сол, бибер и маслиново масло…

    Потоа ставете ја во рерна околу 20 минути додека да се испече.

    Чекор 2: Кога рибата ќе биде готова, оставете ја настрана да се излади... Кога ќе се излади доволно за да можете да работите со неа, извадете ја кожата и почнете да го вадите и месото внимавајќи да го исчистите од што повеќе коски.

    Чекор 3: Земете длабока чинија со околу 200 грама крем сирење и почнете да го мешате со месото од рибата, сок од еден лимон, сол и бибер... И спремни сме.

    Чекор 4: Време е за сервирање: Земете две парчиња леб… Овде користиме црн леб во германски стил. Едноставно ставете две големи лажици од паштетата и за крај украсете со салата!

    СОВЕТ: Не грижете се дали сте направиле премногу... Можете да ја јадете неколку дена... Превкусна е на тост, или можеби со топол домашен леб. Овој рецепт исто така Ви го препорачуваме со чадена риба... Одлична замена!

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер
    Ростер