Мароканско Пилешко
Состојки
- 500 гр пилешко бело месо исечено на коцки
- 2 лажички сол
- 1 кромид исечен на крупно
- 2 чешнина лук исецкани
- 2 поголеми моркови, сечени на коси подебели кругчина
- 2 страка бел целер исечен на кругчина, или 1/2 мал корен целер исечен на коцки
- 1 лажица рендан свеж ѓумбир или 1/2 лажичка ѓумбир во прав
- 1/2 лажичка мелен црвен пипер
- 3/4 лажичка кумин
- 1/2 лажичка ориган
- 1/4 лажичка каенски пипер или лут црвен пипер
- 1/4 лажичка куркума
- 1 - 1 1/2 шоља вода
- 1 пилешка коцка за супа
- 2 големи домати, излупени и исецкани на коцки
- 50 гр сува леблебија, претходно преку нок накисната во ладна вода
- 1 тиквица од која е отстрането семето, исецкана на крупни коцки
- по вкус црн пипер
- За прилог
- 500 гр кус кус
- 500 мл вода
- 2 лажици маслиново масло
- 4 лажици путер
Подготовка
Посолете и побиберете ги коцките пилешко месо и пропржете ги на силен оган во поголема длабока тава додека не заруменат од сите страни и се скоро испржени. Оставете го месото на страна во друг сад.
Во истата тава додадете малку масло и на средно силен одан пропрзете ги да омекнат кромидот, лукот, морковот и целерот. Додајте ги сите зачини, мешајте постојано и пропржете 1 мин. Додајте ги коцките домат, пропржете кратко да омекнат, додајте ја водата и супата од коцка. Вратете го месото во тавата, д намалете ја температуратаодајте ја леблебијата и покриено варете го на тивок оган 20 - 30 мин.
Додајте ја тиквицата, промешајте и варете уште околу 15 - 20 мин, или додека тиквицата не омекни. Во тавата ке има доста течност. Така треба, зошто се неа ке се натопи кус кус-от и ке поприми вкус.
За прилогот во тенџерче ставете ја да зоврие водата со маслиновото масло. В еднаш во неа истурете го целото количество кус кус и покријте со капак. Оставете да стои околу 5 мин. Додајте го путерот исечен на коцки и со вилушка мешајте додека не се раздвојат сите зрнца кус кус едно од друго.
Во чинијата за послужување прво ставете од кус кус-от, а одозгора од месото. Се служи жешко.
Изгледа сложено и долготрајно, всушност готово е за околу еден час.
Треба да се спрема во посебен сад, кој се вика тажин, по кој ова јадење и го добило името, а кој јас го немам и сеуште не можам да си простам што не го купив кога имав прилика.
Ние сме си љубители на арапска кујна, додуша и на друга егзотична храна, така да ова јадење јас многу често го правам. Можеби и вам ке ви се допадни :)
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола