Испечати

Видео рецепт: Талијатели со модар патлиџан и пармезан

Видео рецепт: Талијатели со модар патлиџан и пармезан

Состојки

    Италијанската храна е класично едноставна и во неа најважни се состојките… Ова е одлично јадење со тестенини кое лесно се прави со модар патлиџан и пармезан како доминантни вкусови… Тестенините не морате да ге преливате со сос за тие да имаат прекрасен вкус.

    Состојки

    • 150 грама Талијатели
    • 1 модар патлиџан со средна големина
    • 100 грама пармезан
    • сончогледово масло за пржење
    • сол и бибер
    • маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Ставете ги тестенините во зовриена вода… Маслиновото масло и солената вода им даваат пофин вкус и не им даваат да се залепат.

    Чекор 2: Модриот патлиџан исечкајте го на коцки… Ќе го испржиме модриот патлиџан како главна состојка на јадењето... Тој е природно месест и со пржењето добива уште подобар вкус.

    Изрендајте го пармезанот.

    Чекор 3: Ставете го модриот патлиџан во загреано масло... Пржете го околу 3-4 минути и повремено промешувајте за коцките да добијат рамномерна боја… Извадете ги и оставете ги да се исушат на кујнска салфетка.

    Чекор 4: Почнете да ги мешате состојките заедно... Сакаме пасмезанот да се стопи врз тестенините, а модриот патлиџан на талијателите ќе им даде богат вкус на масло.

    Чекор 5: Време е за сервирање: Сервирајте во чинија и украсете со свежо набран силен босилек.

    СОВЕТ: Во овој рецепт можете да ставите и малку лимонов сок, или пак модриот патлиџан да го замените со тиквички… Ова јадење одлично оди со чаша студено бело вино на сонце со пријателите и семејството.

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Тава со рачки
    КасеролаТава со рачки