Испечати

Полжави на посебен начин

Полжави на посебен начин

Состојки

  • 1кг кромид
  • 1кг моркови
  • 250 гр полжави
  • 200-300гр кечап
  • 1 ливче ловоров лист
  • 1 чаша бело вино

Подготовка

Кромидот се сецка на ситно или во блендер и се пржи додека да порумени, потоа и морковите изрендани или во блендер се пржат во посебно тавче. Полжавите добро изчистени и сварени се пржат и тие посебно и потоа се спојуваат заедно кромидот, морковите и полжавите и се пржат уште 5-6 мин. Се додаваат солта, црн бибер, ловоровиот лист и виното. Се оставаат да се пржат додека да испари виното. Откако ќе биди готово се додава кечапот, се пржи уште некоја минута и се трга од оган.