Колачиња мечиња
Состојки
- 250 гр маргарин
- 130 гр шеќер
- 400 гр брашно
- 1 јајце
- 1 ванилин шеќер
- 1 пецилен прашок
- 2 лажици какао
Подготовка
Посебно се мати маргаринот со шеќерот, па се додава јајцето и се добро матите. Постепено се додава пецивото, ванилиниот шеќер, брашното и се добро се меси со рака. Кога е готова смеата се дели на два дела. Во едниот се додава 2 лажици какао и добро се меси да се соедини .
Во плехче за печење ставате хартија за печење и правете ги фигурите со тоа што секој дел се притиска добро за да се залепат.Комбинацијата на боите може да ја видите на сликите .
Се печат 20 мин. на 180 С. По печењето оставете малку да се оладат па потоа извадете ги од тавчето.
Идејата за колачите беше на ќерка ми ,а овие колачи ги најдовме на сајт за готвење па така решивме да ви ги покажеме и на вас .
Добар апетит