Погачички од сирење
Состојки
- 300 гр рендано сирење
- 250 гр путер
- 1/2 китка магдонос
- 2 јајца
- брашно со 1 пр. за пециво, колку да се замеси тесто
- по потреба зелени маслинки без семки
- жолчка, сусам
Подготовка
1. Сите состојки се месат заедно да се добие меко и еластично тесто што не се лепи.
2. Се прават топчиња и се втиснува во средината една зелена маслинка.
3. Се редат во тавче со пекпапир, се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со сусам.
4. Се печат 15-20 мин. на 200 ст.С.
Ова се погачички кои се многу едноставни и брзи за правење, без чекање да нарасне тестото, без премесувања и сл.