Пченкарно лепче со младо лукче
Состојки
- 400 гр брашно тип 500
- 400 гр пченкарно брашно
- 250 гр инегрално пченично брашно
- 1 квасец
- 4 лажици маслиново масло ладно цедено
- 2 лажички сол
- 1 лажица мед
- 1 лажица сончоглед
- 1 лажица семки
- 1 младо лукче
- 1 лажиче ленено семе
- 2 чаши млака вода
Подготовка
Се става квасецот да стаса.
Во сад за месење се ставаат сите брашна, маслото, солта, медот, сончогледот, семките и на крај младото лукче ситно сецкано. Откако е стасан квасецот се додава кај брашната.
Потоа ја додавате водата и се заедно се меси со дрвена лажица. Се оставате да стаса.
Повторно го размесувате со лажицата и пак стасува, се така три пати.
Релната се загрева на 220 С.
Во плехче за печење ставате хартија за печење и ја истурате смесата(претходно смесата треба да биде измешана со лажица па потоа истурете ја), одозгора наросете го лепчето со ленено семе. Печете 30 мин на 220 С, а потоа се намалува на 180 С и се пече уште 30 мин.
Откако ќе се испече се витка во крпа и се остава да се олади.
П.С сите сосотојки се мерат со истата чаша од 200 гр
Добар апетит