Гриз палачинки
Состојки
- 1 и 1/4 шола сенаменско брашно
- 1/3 шола гриз
- 1/3 шола шеќер
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче прашок за печење (пециво)
- 1/2 лажиче сол
- 1 и 1/4 шола млеко
- 1/2 шола кисела павлака
- 1/4 шола масло
- 1 јајце
- 1 лажица арома ванила (јас ставив цимет шеќер)
Подготовка
Се мешаат сувите состојки. Посебно се меша млекото, павлаката, маслото, јајцето и аромата. Оваа смеса се истура во средината на измешаните суви состојки и кратко се меша, не премногу. Кога ќе одстои 10 мин се печат палачинките на загреано и подмачкано тавче.
Начинот на печење е ист како за американските палачинки. Кога ќе се појават меурчиња, палачинката се превртува да се допечи на другата страна- не повеќе од пола минута.
Еден полесен начин на премачкување на тавчето за палачинки е со прскалка. Во добро измиено шишенце со прскалка можите да ставите масло или стопен путер или маргарин и така полесно и побрзо ќе си ги приготвувате палачинките.
Комбинирајте ги и украсете ги по волја... мармалад, крем, сируп, овошје , овошен јогурт... иии... бон апетит!