Испечати

Сендвич

Сендвич

Состојки

  • по ваш избор бројот на лепчињата
  • зависно од бројот на сендвичите јајца
  • по ваш избор што сакате да содржи овој сендвич

Подготовка

Ова е рецепт како да се искористат веке оладените и тврди лепчиња, како идеја повеке одошто рецепт, па затоа и така е напишано во состојките.
1. Одсечете ја горната кора на лепчето и направете отвор длабејки и вадејки ја средината на лепчето - колку ќе извадите зависи што сте одлучиле да ставите внатре.
2. Во самото лепче ставете парче маргарин или ако е омекнат маргаринот едноставно премачкајте го лепчето внатре.
3. Ставете ја внатре припреманата содржина - сувомеснато, кашкавал, сирење, кисела краставичка, посипете со оригано (можете и кечап да ставите врз нив) и најодозгора скршете по едно цело јајце. Посолете, мааалку зејтинче да капните врз јајцето, и оди во загреана рерна да се испече.
4. Кога јајцето веке е испечено - сендвичот е готов.

Малку оладено и - пријатен појадок !

Ова е навистина блиц рецепт, некој пат ја изронам извадената средина и одсечената кора и пак ја вракам врз премачканото лепче, некој пат само средината ја вратам а капачето од кората го вратам назад врз јајцето и печам... значи останува натаму ваша креација... од мене само идејата!