Пресолец
Состојки
- 20-25 суви пиперки
- 3-4 страка праз
- 7-8лажици зејтин
- 1-2лажици сол
Подготовка
Во кујната покрај новите рецепти се трудам да ги задржам и старите бабини рецепти кои со својата едноставност, а полнотија на вкусот се не заменливи.
Сувите пиперки убаво се мијат и се ставаат во вода да провријат4-5 минути. Оtкако ќе бидат готови лушпата се одстранува, а и не мора. Празот се сецка на поситно и се става во подлабок сад заедно со пиперките. Се додава зејтин и со толчник или дрвена лажица убаво се ТРИЕ смесата. Се става малку повеќе сол.
Кон ваквата салата или пресолец може да се додадат и една-две лажици млени ореви. Важно е многу мешањето или триењето затоа што тогаш празот омекнува и се спојува со сувите пиперки и пресолецот е покомпактен