Бомбици од смокви
Состојки
- 500гр суви смокви
- 100гр млени ореви
- 50гр млени бисквиди
- 150гр шеќер во прав
- 1чаша(200мл) сок од портокал
- 50гр бела чоколада за декорација
Подготовка
Смоквите се мелат и се замесуваат со останатите состојки. Убаво смесата се соединува и се формираат бомбички кои се декорираат по желба. Јас оваа смеса ја искористив и за полнети корпички (обично кога имам време ги печам корпичките во калапчиња и по потреба ги полнам)