Испечати

Видео рецепт: Цезар салата

Видео рецепт: Цезар салата

Летната сезона е карактеристична по салатите, но понекогаш сакате свеж вкус на зелени лисја и зеленчук збогатен со нешто поконретно што ќе ве засити до следниот оброк. Цезар салатата е совршено решение со парчиња потпечен леб, пилешко и богат вкусен прелив.

Состојки

  • 1 парче пилешки гради
  • 1 земичка чиабата
  • 50 грама пармезан
  • 2 чешниња лук
  • 5 супени лажици мајонез
  • 2 супени лажици вода
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 ротквички
  • Листови зелена салата
  • Чери домати
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Прво ќе го направиме најважниот дел од Цезар салатата – преливот. Разликата меѓу добра Цезар салата и лоша Цезар салата е само во преливот... Направете го како што треба и имате успешен рецепт.

Ставете исечкани чешниња лук и рендан пармезан во мајонезот и добро измешајте... На крајот ставете вода за да го разредите сосот и да го направите побел. Оставете го на страна за подоцна.

Чекор 2: Исецкајте го белиот леб на мали коцки за крутоните. Ова е уште една можност на рецептот да му дадете вкус... Ние користиме чиабата леб, но ќе одговара било каков леб.

Ставете ги крутоните во тава и веднаш ставете им сол, бибер и маслиново масло... Пржете го лебот често превртувајќи ги парчињата... сакаме тој да добие боја и вкус, но не и да изгори.

Чекор 3: Пресечете го парчето пилешки гради на половина, зачинете го и потоа ставете го во загреаната Делимано Грил тава… Пржете го на обете страни вртејќи го хоризонтално и вертикално за пилешкото да добие вкрстени линии.

Чекор 4: Време е за сервирање: Ке започнеме со едноставна подлога од зелена салата, а врз неа ќе ставиме крукчиња ротквичка и црвен кромид …

Следни расфрлајте ги крутоните, потоа и пилешкото, а по него ставете парчиња рендан пармезан и на крај преливот… Не срамете се... Накапете од преливот преку целата салата… Сервирањето ќе го завршиме со ротквичка и едноставно купче чери домати.

СОВЕТ: Некои верзии на Цезар салатата вклучуваат и сардели во преливот за тој да биде дополнително солен... Исто така можете да ставите и сланина или колбас за поинаков вкус. Едноставно подгответе ја салатата во голема чинија и земете 2 вилушки за себе и за пријателот. Уживајте!

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Грил тава
Тава за пржењеГрил тава