Брз колач
Состојки
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 6 лажици гриз
- 4 лажици масло
- 1 пецилен прашок
- 1 ванилин шеќер
- 400 гр свежо овошје по желба
Подготовка
Се матат јајцата, па потоа се додава шеќерот. Постепено се додава брашното, маслото, пецивото, гризот и ванилиниот шеќер. Се добро се мати. Плехчето се намачкува со масло и се посипува со гриз. Одозгора се полива смесата и врз нејзе се реди саканото овошје. Јас овој пат имав јагоди.
Се пече на 200 С да поцрвени.
Добар апетит