Испечати

Чоколадни мињони

Чоколадни мињони

Состојки

  • кора
  • 200гр мелени бисквити
  • 200гр мелени ореви
  • 100гр шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 1/2 маргарин
  • фил
  • 1 маргарин
  • 200+100гр шеќер во прав
  • 100гр какао
  • 200гр чоколадо
  • 2 јајца

Подготовка

Во сад се стават сите состојки од кората и се меси тесто.Маргаринот го матиме со 200гр шеќер во прав и се става какаото и растопеното чоколадо.Настрана се матат јајцата со 100гр шеќер во прав и се додава на другата смеса и сето се меша заедно.Тестото го расукуваме и се сече со округло калапче се става во хартија и се филува со шприц.