Штрудли со смокви
Состојки
- Тесто*
- 300 гр. брашно
- 150 гр. путер
- 100 гр. шеќер
- 1 јајце
- 1 лажица кисела павлака
- 50 гр. мелени бадеми
- малку сол
- Фил со мармалад*
- 250 гр. мармалад од смокви
- 200 гр. мелени бадеми
- изрендана кора од лимон или портокал
- Фил со суви смокви*
- 250 гр. суви смокви
- 1 портокал сок и кора
- 2 ванили
- 100 гр. мелени бадеми
- 1 лажица ракија
- Фил со суви смокви и јаболки*
- 250 гр. изрендани јаболки
- 150 гр. суви смокви
- 1/2 ломон сок и кора
- 3 лажици шеќер
- малку цимет
- 50 гр. мелени бадеми
Подготовка
1. Се мешаат путерот, шеќерот,јајцето и другите состојки.Ако сакаме тестото да ни биде посветло тогаш ги лупиме бадемите и ги мелиме доста ситно.
2. Од тестото формираме 3 топчиња и ги ставаме во фрижидер 2 часа.
3. Фил со мармалад* Се меша мармаладот од смокви со мелените бадеми,а ако немате од смокви можете и било кој друг мармалад.
4. На работна маса од тестото се развлекува кора и по страните се става од филот и се виткаат во ролат.Вака свиткани можете да ги ставите уште пола саат во фрижидер за да се стегне тестото но и немора.
5. Ролатите убаво се оформуваат со раце,малку се истегнуваат и се стеснуваат од страните за да се добие форма на јаже.
6. Со нож се сечат мали штрудли и се печат во загреана рерна на 190 Ц. 15-20 мин.
7. Штрудлите топли се посипуваат со шеќер во прав.
Овие штрудли можат да стојат подолго време и да бидат меки ако се чуваат затворени во лимена кутија.
Фил со суви смокви* Најнапред сувите смокви се попаруваат со врела вода и се оставаат да отстојат 10-15 мин.Се цедат од водата се преливаат со сок од портокал и се миксаат во блендер.Тогаш се додаваат кората од портокал,ракијата,ванилата и бадемите.
Фил со суви смокви и јаболки* Изренданите јаболки се динстаат со шеќерот додека не испари водата.Се додаваат сувите смокви претходно прелиени со врела вода 10 мин. и бадемите.Се заедно се блендира и на крај се додаваат сокот од лимонот и кората.
За сите вас кои сакате вакви врсти на колачи (јас ги обожавам) да си ги направите зошто се многу вкусни и меки дури подобри и од купечките
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола