Испечати

Инстант чоколадна торта

Инстант чоколадна торта

Состојки

  • Тесто
  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 50 мл зејтин
  • 100 мл млеко
  • 100 гр чоколадо
  • 70 гр брашно
  • 1 пециво
  • 100 гр мелени бадеми (или лешници)
  • Крем
  • 400 мл млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 60 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 50 мл инстант црно кафе
  • 250 гр путер
  • Глазура
  • 20 гр путер
  • 100 гр чоколадо

Подготовка

Јајцата и шеќерот се матат (најдобро прво белки и шеќер, потоа додадете ги и жолчките). Се додава млекото, маслото и стопеното чоколадо. Убаво се миксира и на крај се додава брашното, пецивото, лешниците мелени и убаво се меша смесата со лажица. Се става во сад со големина 22х36, подмачкан со масло и брашно и се пече на 180 степени, 30-40 мин.

Крем
Пудингот се меша со 4 лажици шеќер. Млекото става да се вари и од него се одземаат десетина лажици, кои се ставаат во смесата со пудингот и шеќерот и добро се мешаат, за да се растопат. Се додава смесата во млекото и се мешаат на оган 1-2 мин. Во топлиот пудинг се става 100 грама чоколадо да се растопи. Се подготвува 50 мл топла вода и 1 супена лажица инстант црно кафе и се додава во пудингот. Целата смеса добро се промешува, се претура во длабок сад и се остава да се излади убаво. Путерот пенесто се микса и одкако ќе се олади смесата со пудинг, се додава и путерот.
Оладеното бисквит-тесто се прелева со кремот.

Одозгора се става глазура од растопено чоколадо и путер, добро хомогенизирана.

Тортата се сече на коцки и се послужува со јаготки или топка овошен сладолед!

На здравје!