Кифлички со шеќер во прав
Состојки
- тесто
- 1 кг брашно
- 5 жолчки
- 150 гр шекер
- 1 квасец
- 1 кесенце махлеб
- околу 500 гр млеко
- 1 лаж оцет
- 1 филџанче масло
Подготовка
Се меси тесто од наведените состојки и се остава да стаса. Потоа се прават кифлички (големина по ваша желба), се редат во плех и се остават уште малку да одморат. Пред печење се мачкат со разматена белка. Се печат околу 30-40минути на 200 степени.. Уште кога се млаки се наросуваат со шеќер во прав.