Испечати

Царска торта

Царска торта

Состојки

  • Тесто*
  • 10 белки
  • 10лажици шеќер
  • 250гр сечкани урми +4лаж.гриз
  • 100гр суво грозје
  • 250гр сечкани ореви
  • Фил*
  • 10 жолчки
  • 250гр шеќер во прав
  • 250гр маргарин
  • 100гр чоколада

Подготовка

1. Тесто* Се матат белките со шеќерот се додаваат сечканите урми претходвно измешани со 4 лажици гриз(за да не се лепат).Се додааат оревите и сувото грозје и се заедно се става во големиот плех од релната.Се печи на 200ц.
Се сечи тестото на 3 ленти.

2. Фил* Жолчките се матат на пареа заедно со шеќерот.Кога ќе оладат жолчките се додава избиениот маргарин и растопеното чоколадо.

3. Се филуваат лентите, а одозгора може уште една чоколада растопена да се стави или само од филот и озгора рендана чоколада.
Пријатно!