Испечати

Баклава

Баклава

Состојки

  • 500 гр кори за баклава
  • 1 шоља кисела вода
  • 1 шоља зејтин
  • 1 шоља шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 500 гр сецкани ореви
  • Шербет
  • 500 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • 3 ванилин шеќер

Подготовка

Шољата со која што ќе се мери е од 250 мл.
Се мешаат киселата вода, зејтинот, шеќерот и прашокот за пециво. Оваа смеса ќе служи за попрскување на секоја кора.
Во подмачкано тавче се редат корите. Врз секоја кора се попрскува со смесата со кисела вода, а врз секоја трета кора се ставаат сецканите ореви.
Постапката се поторува се додека да се потрошат корите.
Баклавата се сече пред печење на коцки или дијгонално за да се добие форма на баклава.
Се пече во загреана рерна на 200 степени се додека да добие златна боја.
Потоа се подготвува шербетот.
Се ставаат водата и шеќерот за зобријат и се оставаат да повријата 5-10 мин. И во него се додаваат ванилите.
Баклавата се посипува кога е ладна и шербетото исто така треба да биде ладен.