Колач со рогач и јогурт
Состојки
- 100мл газирана минерална вода
- 100мл јогурт
- 100гр мелен рогач
- 1 ванила
- 1лажица мед
- 1/2 лимон
- 1 јаболко изрендано
- 6 лажици шеќер
- 2 лажици скроб-густин-нишесте
- 8 лажици брашно
- 1 пециво
- 1/2 лажичка с.бикарбона
- 1 лажица рум или некој ликер
- 1 лажица какао
- глазура
- 100гр чоколада за кување
- 3 лажици маргарин
Подготовка
Се мешаат водата, јогуртот, шеќерот, сок и кора од пола лимон, какаото, ванилата, румот и медот со миксер на помала брзина, па се додаваат ренданото јаболко, рогачот, густинот, брашното, пецивото и содата и се излива смесата во калап. Се пече околу 30 мин на 200. Смесата треба да е средно густа малку повеќе одколку за палачинки и затоа брашното може да оди горе долу за 1-2 лажици.
Колачот се прелива со чоко глазура и за тие што сакаат рогач е сочен и вкусен