Пирошки Биљана
Состојки
- 250 мл јогурт
- 100 мл зејтин
- 2 јајца
- 1 мала лажица сода бикарбона
- 1 мала лажица сол
- 1/2 квасец
- 600 грама брашно
Подготовка
1. Јогуртот, зејтинот, јајцата заедно со квасецот, солта и сода бикарбона треба убаво да се измешаат.
2. Потоа се додава брашното и се замесува тесто кое поубаво е ако е помеко замесено.
3. Тестото се остава на умерена температура ( 20 -25 степени Ц ) за да нарасне , од прилика време од 30 до 45 мин.
4. Потоа од тестото се расукува кора со дебелина 5мм. Јас тестото го делам на два дела и така 2 кори расукувам.
5. Од кората со нож се вадат четвртасти парчиња со големина по желба ( 5 см на 3 см ) кои исто треба малку да нараснат ( 15 - 20 мин ), а потоа се полнат со фил ( сирење , шунка ), зависи какви ги сакате .
6. Се пржат во загреан зејтин во подлабок сад .
Може да се проба само празно тесто да се пржи, многу е вкусно !!!