Испечати

Летен ручек

Летен ручек

Состојки

  • 3 тиквички
  • 4 моркова
  • 2-3 компира
  • 1 модар патлиџан
  • 4 црвени патлиџани
  • ракохват магданос
  • по вкус зачинки- бибер, вегета, сол
  • 3-4 глави кромид стар или веке оформен од младиот без зелениот дел,
  • 3-4 чешниња лук
  • 3-4 пиперки
  • по ваш избор месо копан, карабатак или стек

Подготовка

Овој рецепт јас си го нарекувам летна манџа затоа што содржи се што бавчата раѓа, па редно е малку и лажица да фатиме во рака, доволно изнапишавме со нож и вилушка, значи вака-
1. Здробете се од состојките, додадете го месото, посолете, залејте со вода и ставете на тивко да се крчка ( заборавете на него некое време, напијте се кафе)
2. Откако се е сварено, додајте ги вегетата и биберот, овкусете го по ваш вкус.
Тоа е се.
Бiдејки неможе да се постави рецептот ако не се впишат состојките, јас ги напишав тие што денес ги приготвив, инаку овој рецепт не бара мерка, избирате зеленчук кој сакате вие да го имате за ручек, здробете онолку количина колку што вам ви одговара и зависно за колку спремате. Се крчка доволно време и тоа треба да постане густо, да не е многу чорбесто. Доколку сметате дека ви е посно јадењето, можете да ставите сосема малку зејтин.
Нема подпршки,нема ништо. А толку вкусно јадење.
Нека ви е слатко!