Испечати

Видео рецепт: Рагу со бифтек, печурки и пиво

Видео рецепт: Рагу со бифтек, печурки и пиво

Состојки

    Можеби од време на време сте се напиле пиво со добар бифтек, но еве еден рецепт кој ги спојува овие два популарни вкуса… Пивото и Телешкото месо отсекогаш се добри пријатели во рецептите и овде ги надополнуваме со превкусен ориз со кикирики пржен со јајца.

    Состојки

    • 100 грама бифтек за пржење
    • 100 грама печурки
    • 2 децилитра темно пиво
    • 1 супена лажица пченкарен скроб
    • 100 грама варен ориз
    • 1 јајце
    • 1 супена лажица кикирики
    • 1 супена лажица соја сос
    • Свежа мајчина душица
    • Сол и бибер
    • Маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Загрејте малку маслиново масло со сол и бибер во тава и во неа ставете го оризот… Убаво загрејте го оризот и потоа сипете вода... Измешајте го и оставете го оризот да крчка… Сипета само онолку вода колку што е потребно да се прекрие оризот… Варете го додека не испари сета вода.

    Чекор 2: Кикириките ставете ги во вок тавата со загреано маслиново масло и пржете ги додека да добијат златна боја… Потоа ставете јајце и веднаш почнете да го матите и мешате со кикириките.

    Кога јајцето убаво ќе се измеша со кикириките, ставете го и оризот и убаво измешајте ги заедно…

    Потоа ставете соја сос и дозволете им на вкусовите да се спојат...

    Чекор 3: Земете мал калап или мала длабока чинија, убаво намачкајте ја со масло и внатре ставете ја смесата со оризот… Потоа превртете го оризот на чинијата.

    Чекор 4: Почнете да го готвите бифтекот во големата Делимано тава за пржење, пржејќи го додека целото месо да зарумени и потоа ставете ги печурките … Оставете ги вкусовите да се спојат и целата смеса да добие вкус на месо и печурки... Ставете сол и бибер за да се нагласат вкусовите.

    Чекор 5: Кога смесата ќе се спои и ќе добие убава боја, сипете го темното пиво и оставете го да крчка неколку минути…

    Ставете пченкарен скроб за сосот да се згусне… Комбинацијата од крчкање на вишокот вода и додавање скроб ќе го засили вкусот на јадењето.

    Чекор 6: Време е за сервирање: Со лажица ставете од богатото вкусно рагу во чинијата покрај оризот… Сервирањето завршете го со гранче мајчина душица како декорација.

    СОВЕТ: Што мислите за јадењето? Овој рецепт содржи прекрасни богати вкусови… зошто да не се опуштите и со Вашето јадење да не се напиете студено темно пиво?

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Тава за пржење
    КасеролаТава за пржење