Кроасани
Состојки
- 500 гр брашно
- 200 мл млеко
- 100 мл масло за јадење
- 1 белка од јајце
- 1 сув квасец
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 80 гр маргарин
Подготовка
Се замесува тесто од горенаведените состојки освен маргаринот. Се остава покриено да нарасне околу 1-1.5 часа.
Потоа од тестото се прават 8 топчиња кои се ставаат на работната површина подмачкана со масло, и како такви се остават да одстојат 15 минути.
Секое топче се расукува и се премачкува со маргарин освен последното, и се редат едно врз друго.
Се расукува кора во дијаметар од 50 см и дебелина од 3-5 см.
Се сече на 16 парчиња.
Секое парче се витка во кифличка.
Се редат во тавче обложено со хартија, но може и на подмачкано тавче со масло и се оставаат да нараснат уште 1-1,5 часа.
Се премачкуваат со една жолчка и се поросуваат по желба.
Се печат на 200 степени околу 25-30 ин. додека да добијат убава златна боја.