Делфиа
Состојки
- 50 мл вода
- 1 лажица Нес Кафе во гранули
- 300 гр чоколадо со најмалку 52% какао
- 2 лажици рум
- 1 лажица мармалад од портокал
- 200 гр путер
- 100 гр кокос
- 2 јајца
- 2 лажици шекер + 1 кесичка ванилин шекер
- 6 Спекулас кекси (или некои други кекси)
- 125 гр сиров марципан
- 4-5 наполитанки
- 6-7 желе бомбони
- 10-20 зрна суво грозје
- десетина лешници потпечени и излупени
Подготовка
Овој колач прв пат го видов кога беше објавен на Кулинарика од членката Агата. Иако е божикен десерт во Норвешка, не видов причина да не го направам и сега. Заради недостатокот на кокосова маст која оди во оригиналниот рецепт, и кај мене и кај Агата настанаа некои мали варијации на тема :)
Овдека ке пренесам како јас го направив:
Плехче за печење леб со димензија 21 х 11 цм, високо 7 цм од внатре обложете го со транспарентна фолија.
Размесете го марципанот и формирајте цилиндер долг 20 цм. Желе бомбоните исечете ги на плочки, триаголничина или форми по ваша желба. Наполитанките оставете ги цели.
Во машинчето за мелење шекер сомелете го кокосот додека не стани скоро како крем, т.е. додека не ја испушти маснотијата.
На средно тивок оган во мало тенџерче помешајте ја водата, гранулите кафе, искршеното на коцки чоколадо, мармаладот, путерот и сомелениот кокос. Мешајте додека да се стопи и изедначи смесата. Тргнете ја од оган и додајте ги двете лажици рум.
Во среден сад за матење на најголема брзина изматете ги јајцата со двата вида шеќер додека не добиете густа, бледожолта, сјајна пена. Намалете ја брзината на матење и постепено додавајте ја топлата чоколадна смеса, па матете додека се изедначи.
Најдолу во плехчето истурете дел од смесата, а потоа распоредете ги додатоците како вас ви одговара.
Од наведените состојки, калапчето се наполна до горе. Покријте и оставете во фрижидер до другиот ден.
Сечете на парчиња со жежок нож.
Не можам да ви поставам овде линк, ама во пребарувачот кој го користите впишете Делфиа, за да ги погледнете сите варијации на овој прекрасен колач. Секако, погледнете го и рецептот на Агата на Кулинарика. Лидија, ти благодарам!!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола