2 локум ролати
Состојки
- Локум ролат со кокос и желе
- 1/2 кг локум
- 200 гр кокос
- за фил
- 100 гр желе бомбони
- 100 гр орев или лешник, бадем
- 100 гр суво грозје
- Ролат со локум и сусам
- 1/2 кг локум
- 300 гр сусам
Подготовка
За првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филова со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни.
За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот. Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер.
Добар апетит!