Палачинка во рерна или Џиновска палачинка
Состојки
- За тесто
- 3 јајца
- 300 мл. млеко
- 9 лажици брашно
- прстовет сол
Подготовка
1. Се уработуват јајцата со прстовет сол.
2. Се додава млекото, брашното - се брка да стане хомогена смесата.
3. Во плекот од шпоретот ставете зејтин и загрејте ја рерната на 250 степени, кога ке се загрее зејтинот - извадете го плекот, истурете ја смесата и вратете во рерната да се пече околу 20 минути.
Забелешка-
Ако печете во тефлон тава - потребно ви е помалку зејтин. Ако печете пак во Ростерот од Делимано... скоро речи не ви треба зејтин, јас ставив сосема малку со четката поминав по дното и страниците на Ростерот, зејтинот се собра по тавата како капки. Го загреав и истурив да се пече. Се испече - по дното ништо не се залепи, толку лесно се извади, само ја слизнав на фолијата за да ја спремам за премачкување.
Значи - на мене ова ми е прв сад од Делимано програмата, супер задоволна. Лесно за работа, лесно за одржување.
Ја премачкав палачинката во слатко од Фусалис... одлични,
При уработувањето на смесата бидејки планирав да бидат со нешто блачко, ставив и 1 ванила. Оваа палачинка може да биде и солена...тогаш не ставате ванила туку постапете по рецептот. Откако го пробав тестото- заклучив дека е многу слично на крофните во рерна - за кои имам овде поставено рецепт, ме подсети и на еден рецепт Изливача.... толку слични рецепти,
Уживајте,