Крем банана
Состојки
- 300 мл вода
- 30 гр желатин
- 400-500 гр шеќер во прав
- 5 лаж бананко милк шејк во прав (или арома на банана)
- Глазура
- 250 гр чоколадо
- 125 гр маргарин
- 5-6 лаж масло
Подготовка
Во 100 мл вода се остава желатинот да набубри. Преостанатата вода и шеќерот се провриваат, па се додава желатинот и се вари додека не се растопи. Се додава арома на банана или 5 лажици бананко милк шејк во прав. Смесата се миксира 15-20 мин. додека згусни. Потоа се излева во намастен плех и се остава најдобро 1 ден (или ноќ) во фрижидер да се здрви. Кога ќе е здрвена, се сечат парчиња по желба (пожелно штангли, а за полесно коцки) и се преливаат со глазура од растопеното чоколадо, маргарин и масло.
Добар апетит!