Испечати

Спирали

Спирали

Состојки

  • ТЕСТО*
  • 200мл јогурт
  • 50мл масло
  • 100гр шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лајче сол
  • 1 ванила
  • 1 коцка квасец
  • 500гр брашно
  • ФИЛ*
  • 250гр вишни
  • 100гр шеќер
  • 1 пудинг од ванила и шеќер во прав

Подготовка

1. Се додаваат сите состојки и со брашното се замесува меко тесто. Се покрива и остава 45мин да стаса. За тоа време се прави филот.

2. Пудингот од ванила се меша со 4 лажици сок од вишни или вода. Се блендираат вишните и шеќерот и потоа се варат 5минути. Потоа се додава пудингот и се вари да се згусни филот. Се лади.

3. На работната површина се става тестото и се расукува кора правоаголна дебела 0,6-0,8см. Се премачкува со филот и се преклопува со 2/3 тесто, а потоа и 1/3. Со остар нож се сечат на 2-3 см ширина. Секој дел посебно се свртува. Спиралите се редат на плех обложен со хартија и се печат во загреана релна на 200ц -5мин, а потоа се смалува на 180ц-уште 15мин.
На крајот се посипуваат со шеќер во прав.
Пријатно!