Испечати

Оригано

Оригано

Состојки

    Хранливи вредности на ориганото:

    Ориганото е прекрасна повеќегодишна билка која се користи за готвење, но и за медицински потреби. Одамна е признаена како еден вид „функционална храна“ поради хранливите, антиоксидантските и лековити својства. Билката чие име значи „планинска радост“ на грчки јазик, потекнува од медитеранскиот регион.

    Ботанички, ориганото припаѓа на фамилијата lamiaceae од родот Origanum и научно е познато како Origanum vulgare.

    Растението е мала грмушка, која расте во височина до 75 сантиметри, со стебла со повеќе гранки, прекриени со мали сивкасто-зелени овални лисја и мали, бели или розови цветови.

    Оваа популарна билка се користи многу, особено во грчката и италијанската кујна. Листовите имаат карактеристична арома, топол и малку горчлив вкус. Интензитетот варира, но сепак, ориганото со добар квалитет е толку силно што речиси го отрпнува јазикот.

    Постојат повеќе видови оригано, кои се одгледуваат низ цела Европа, но влијанието на климата, годишното време и почвата значително влијаат на составот на есенцијалните масла, многу повеќе отколку сортата. Благиот мајоран (O.majorana) е еден од видовите во блиско сродство со ориганото.

    Здравствени придобивки од ориганото:

    • Ориганото содржи импресивна листа растителни хемиски соединенија кои имаат превентивни и лековити својства.
    • Растението не содржи холестерол, но е богато со растителни влакна, кои помагаат во контролата на нивото на холестерол во крвта.
    • Ориганото содржи голем број есенцијални масла кои се корисни за здравјето, како што се: карвакрол, тимол, лимонен, пинен, оцимен и кариофилен. Листовите и цветните стебла имаат силно антисептичко и антиспазматично дејство, го поттикнуваат лачењето на млеко, го подобруваат варењето, помагаат при искашлување, го намалуваат потењето, делуваат стимулирачки и имаат благ ефект на тоник. Екстрактот се зема орално, за лечење: настинка, грип, благи форми на треска, неправилно варење, мачнини во стомакот и менструални болки.
    • Ориганото е богато со полифенолни флавоноидни антиоксиданси (витамин А, каротини, лутеин, зеаксантин и криптоксантин) и е забележано како едно од растенија со најголема антиоксидантска активност. Овие соединенија служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови кои играат значајна улога во процесот на стареење и развојот на разни болести.
    • Активните принципи во билката можат да ја подобрат подвижноста во гастроинтестиналниот тракт, но и да го подобрат варењето, преку зголемување на гастроинтестиналната секреција.
    • Оваа егзотична билка е одличен извор на минерали, како што се: калиум, калциум, манган, железо и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот и бакарот се користат во организмот како кофактори за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Железото помага во спречување на анемија. Магнезиумот и калциумот се важни минерали за метаболизмот на коските.
    • Свежото оригано е одличен извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Витаминот Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси и да ги собере штетните, воспалителни, слободни радикали.
    • Тимолот исто така има антибактериски и антигабични својства.

    Ориганото е докажано како „функционална супер храна“. Оваа билка е една од основите на здравата медитеранска исхрана, заедно со маслиновото масло, рибата и многу зеленчук и зачини. Има одличен нутриционистички профил - во само 100 грама оригано има (во проценти од препорачаната дневна доза):

    Растителни влакна - 107%
    Фолати - 69%
    Пиридоксин - 93%
    Витамин Ц - 83%
    Витамин А - 230%
    Витамин К - 518%
    Железо - 550%
    Манган - 203%
    Бета каротин - 4112 микрограма.

    Избор и складирање:

    Свежото, како и сушеното оригано е достапно во продавниците во текот на целата година. Секогаш кога сте во можност купувајте свежи листови оригано, бидејќи тие имаат подобар вкус и содржат поголема количина од големиот број есенцијални витамини и минерали, како што се: бета-каротин, витамин Ц и фолати.

    Свежото оригано треба да има листови со сјајна зелена боја и цврсти стебла. На нив не треба да има мувлија, избледени или пожолтени делови. Како што е случајот со сите сушени билки, кога купувате сушено оригано, обидете се да купите оригано кое било одгледувано на органски начин, за да бидете сигурни дека на него нема да има остатоци од пестициди.

    Свежите листови треба да се чуваат во фрижидер, во ќеса што се затвара или пак завиткани во малку навлажнета хартиена крпа. Сушените листови можат да останат свежи со месеци, доколку се чуваат во добро затворен стаклен сад, на студено, темно и суво место.

    Употреба во кујната:

    За да се зачува мирисот и вкусот, листовите од оригано обично се користат непосредно пред подоготовката на рецептот.

    Совети за приготвување:

    • Билката оригано најчесто се користи како зачин. Најупотребувана е за добивање основа на вкусот.
    • Се користи за приготвување голем број јадења во медитераснката и мексиканската кујна, уште од најстари времиња. Заедно со другите зачини, се користи како основа за вкусот во јадења како што се: пица, пилешко, риба и печено месо.
    • Исто така се користи за приготвување супа, омлет, сосови и за маринирање.
    • Листовите и цветните стебла имаат силно антисептичко и антиспазматично дејство, го поттикнуваат лачењето на млеко, го подобруваат варењето, помагаат при искашлување, го намалуваат потењето, делуваат стимулирачки и имаат благ ефект на тоник.
    • Екстрактот од оригано се зема орално, за лечење: настинка, грип, благи форми на треска, неправилно варење, мачнини во стомакот и менструални болки.
    • Откриено е дека тиамолот има антисептички, антибактериски и антигабични својства.
    • Свежо сечканото оригано е одличен додаток за секоја зелена салата.

    Медицинска употреба:

    • Листовите и цветните стебла имаат силно антисептичко и антиспазматично дејство, го поттикнуваат лачењето на млеко, го подобруваат варењето, помагаат при искашлување, го намалуваат потењето, делуваат стимулирачки и имаат благ ефект на тоник.
    • Екстрактот од оригано се зема орално, за лечење: настинка, грип, благи форми на треска, неправилно варење, мачнини во стомакот и менструални болки.
    • Откриено е дека тиамолот има антисептички, антибактериски и антигабични својства.