Рузмарин
Состојки
Хранливи вредности на рузмарин:
Рузмаринот е совршено растение кое треба да го имате во градината. Рузмаринот е една од билките познати по изобилствотот со хранливи фито-материи, антиоксиданси и есенцијални киселини. Рузмаринот припаѓа во фамилијата Lamiaceae од родот Rosmarinus. Научното име му е Rosmarinus officinalis.
Се смета дека оваа популарна билка потекнува од медитеранските региони, каде што расте како дива, растурена, повеќегодишна, зимзелена грмушка. Денес, се одгледува во сите земји околу Средоземното Море и во Мала Азија, како важна кулинарска билка.
Стеблото, цветовите и лисјата имаат силна арома, која наликува на камфор. Покрај тоа што се користи за готвење и во медицината, стебленцата, цветовите и лисјата од рузмарин се користат и во обредни церемонии, како што се свадбите и фестивалите, најчесто за декорирање на салите, како мирис кој треба да ги одврати лошите влијанија.
Здравствени придобивки од рузмарин:
- Лисјата од рузмарин содржат одредени фито-хемикалии кои имаат значајна улога во спречувањето на развојот на болестите и одржувањето на доброто здравје.
- Деловите од растението, особено цветовите, содржат фенолна антиоксидантска рузмаринска киселина, како и бројни есенцијални масла кои го одржуваат здравјето, како што се: цинеол, камфен, борнеол, борнил ацетат, алфа-пинен, итн. Овие соединенија имаат потврден ефект на смирување на иритации, како и антивоспалителни, антиалергиски, антигабични и антисептични својства.
- Лисјата од рузмарин имаат само 131 калорија на 100 грама и не содржат холестерол. Покрај хранливите материи, оваа билка содржи и бројни нехранливи состојки кои вреди да се споменат, како што се растителните влакна (37 проценти од препорачаната дневна доза).
- Рузмаринот содржи многу добра количина витамин А – 2.294 интернационални единици на 100 грама или 97 проценти од препорачаната дневна доза. Витаминот А има антиоксидантски својства и е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А го заштитува организмот од рак на белите дробови и усната празнина.
- Свежите листови од рузмарин се добар извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Содржат околу 22 микрограма на 100 грама или 37 проценти до препорачаната дневна доза. Овој витамин е потребен за синтезата на колаген во организмот. Колагенот е главниот структурен протеин кој е неопходен во телото за одржување на интегритетот на крвните садови, кожата, органите и коските. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото во заштитата од скорбут, создава отпорност на воспалителните агенси (го засилува имунитетот) и помага во собирањето на штетните, воспалителни слободни радикали од телото.
- Рузмаринот, без разлика дали свеж или сув, е богат извор на минерали, како што се: калиум, калциум, железо, манган, бакар и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас.
- Билката е одличен извор на железо, содржи 6,65 микрограма на 100 грама (околу 83 проценти од препорачаната дневна доза). Железото, со оглед на тоа што е клучна компонента од хемоглобинот, го одредува капацитетот за пренос на кислород во крвта.
Избор и складирање:
Рузмаринот обично се одгледува во градините, за свежите лисја да бидат достапни по потреба.
Ако морате да купите од продавница, по можност изберете свеж рузмарин затоа што има подобар квалитет од сувиот, има суптилен вкус за разлика од полутиот и посилен вкус од сувиот рузмарин. Свежите листови треба да имаат изразена зелена боја, без темни точки или пожолтени делови.
Свежиот рузмарин треба да се чува во фрижидер, во најлонски ќеси. Сувиот рузмарин треба да се чува во херметички затворен сад и да се остави во студено, темно и суво место, каде што ќе остане свеж неколку месеци.
Употреба во кујната:
Измијте ги свежите листови со студена вода од чешма или потопете ги во вода неколку минути, за да ги отстраните евентуалните остатоци од нечистотија и пестициди. За вкусот и аромата да останат такви какви што се, билката обично се додава во рецепти последна, со оглед на тоа што подолгото готвење ќе резултира со испарување на есенцијалните масла.
Совети за приготвување:
- Свежите или сувите листови рузмарин се дел од медитеранските кујни и се користат за приготвување на голем број рецепти.
- Оваа билка е популарен зачин на голем број салати, супи, печени зеленчуци и јадења со печено месо.
- Рузмаринот оди со домати, модар патлиџан, компири и тивкички. Ситно сечканиот свеж рузмарин се користи за приготвување вкусни потпржени компири со рузмарин.
- Чајот од рузмарин е популарен пијалак во медитеранските земји.