Пењурлии со маст
Состојки
- За тестото
- 1 кгр. меко брашно
- 40 гр. квасец
- 1/2 л. млеко
- За фил
- 400 гр. тврдо сирење
- 3 јајца
- За премачкување
- 300 гр. маст
Подготовка
1. Од квсецот, млекото и брашното замесете меко тесто, оставете 10-15 минути, а за тоа време-
2. Изматете ги со вилушка јајцата и во нив додадете го изрнетото сирење (не рендано, пожелно е да е изронето)
3. Маста стопете ја.
4. Поделете го тестото на два дела (за да ви е полесно да го расукате)- расукајте го во четвртаста форма во делбила колку еден прст. Сечете на квадрати во големаина која вие ја сакате. Намачкајте го секое парче со филот од јајцата и сирењето и завиткајте го како сарма... страничите ивици превиткајте ги на внатре и завиткајте како ролат, тогаш поминете ја вака добиената пењурлија во маста (целата треба да ја поминете низ стопената маст) ставете во неподмачкано плекче. Така постапете со целото тесто.
5.Во филот кој што ке ви преостане додајте малку млеко, измешајте и полијте го врз пељурлиите.
6. Оставете да стасат - треба да се наполни плехот- околу 30 мин.
7. Печете додека на 250 степени првите 10 мин. а потоа намалете на 200 степени и се печат додека не заруменат.
Совет - кој не сака да користи маст (а ке се покае бидејки маста е тоа нешто што ги прави посебни) тогаш количината заменете ја со пола стопен маргарин и пола зејтин.
Кој зачин сакате да го насетите додека ги јадете- слободно ставете, подеднакво се добри и без зачин и со зачин. Во случајов мој, бидејки го сакам Чурекот.. јас го ставам каде треба и не треба... ама овде обавезно.