Испечати

Американки

Американки

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 Јајца
  • 3 кафени филџани шеќер
  • 3 кафени филџани зејтин
  • 3 кафени филџани брашно
  • 3 кафени филџани мелени ореви
  • 1.5 кафен филџан Млеко
  • Фил
  • 300 гр. Шеќер
  • 150 мл. Млеко
  • 100 гр. Чоколадо

Подготовка

Јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава зејтинот, млекото, брашното и мелените ореви. Се пече во тава бр. 32.
Кога ќе се излади пандишпанот се сече со мала чашка и на нив се става од филот а од озгора шлаг.
Фил
Шеќерот и млекото се ставаат да зовријат, откога ќе зоврие се додава чоколадото , се трга од оган да се излади и потоа се додаваат ронќите од пандишпанот издробени и 1 филџан сецкани ореви.