Ролат со нутела крем
Состојки
- Бисквит*
- 4 јајца
- 3 лажици жешка вода
- 100 гр. шеќер
- 100 гр. брашно
- 25 гр. густин
- 3 гр. прашок за пециво
- За крем*
- 200 мл. слатка павлака
- 200 гр. нутела крем
- 2 лажици какао
- За глазура*
- 150 гр. чоколадо за готвење и 3 лажици масло или 2 шлага разматени
Подготовка
1. Добро се матат шеќерот и јајцата додека смесата не се удвостручи и не постане скоро бела.
2. Се додава водата па брашното помешано со густинот и пецивото и рачно се изработува заедно со јајцата.
3. Смесата се става во плех од шпорет обложен со хартија и се пече на 180 Ц.во претходно загреана рерна.
4. Печениот бисквит се става на влажна крпа, се вади хартијата од него и се замотува во ролат за да омекне.
5. Крем* Се загрева слатката павлака до вриење се трга од оган и се додава нутелата и какаото.Се остава така да стои 5 мин.а потоа се измешува убаво да се соедини.
6. Смесата се става во фрижидер да стои 1 час убаво да се олади и да се згусне, се премачкува бисквитот одозгора и цврсто се завиткува во ролат.
7. Ролатот се премачкува со глазура од чоколадо или со шлаг.