Швалерка торта
Состојки
- 4 кори секоја со истите состојки
- 130 гр шеќер
- 2 лаж брашно
- пола лажица оцет
- 100 грама сецкани ореви
- 5 белки
- крем 1
- 20 жолчки
- 300 гр прав шеќер
- 1 маргарин
- крем 2
- 1кг млеко
- 10 лаж шеќер
- 4 пудинг од чоколада
- 300 гр чоколада
- 1 маргарин
- 200 гр прав шеќер
- крем 3
- 400 мл слатка павлака
Подготовка
Се матат 5 белки и постепено се додават 130 гр шеќер. Кога ќе се доволно изматени со лажица се додават 2 лажици брашно, пола лажица оцет и 100 гр сецкани ореви. Се прават вакви 4 кори.
Подготовка на првиот крем:
Се матат 20 жолчки со 200 гр прав шеќер. Потоа се става на пареа 10-15 минути додека да се добие потребната густина. Се трга на страна да се олади и кога е оладено се соединува со 1 маргарин претходно изматен со 100 грама прав шеќер.
Подготовка на крем 2:
Од млекото се остава 1 чаша остатокот се става на оган да зоврие со 10 лажици шеќер. Во остатокот се раствара пудингот и се сипува во врелото млеко, се прави густа крема. Кога ќе е готова се трга на страна и се додават искршените чоколади и се меша додека да се стопат. Потоа смесата се остава да олади и во оладена се додава 1 маргарин претходно изматен со 200 гр прав шеќер.
За крем 3:
Се мати слатката павлака
филување кора фил2 фил1 фил3 кора и така натаму јас така ги наредив правилен редослед кора фил 1 фил2 фил3 кора и така натаму
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Касерола