Испечати

Крекери

Крекери

Состојки

  • 2 шољи брашно
  • 3 лажички прашок за пециво
  • 1 лажица шекер
  • 90 гр путер од фрижидер исецен на коцкички
  • 2 лажици масло
  • 2/3 шоља ладна вода
  • За премачкување на крекерите
  • 45 гр стопен путер
  • 1/2 лажичка сол

Подготовка

Се загрева рерната на 200Ц.
На два плеха за печење се става хартија.
Во садот на мултипрактикот се ставаат сувите состојки и неколку пати се промешуваат со пулсна брзина. Се додаваат коцкичките студен путер и повторно се пулсира неколку пати да се изрони путерот. Се додава постепено ладната вода пулсирајки кратко измегу додека тестото да се претвори во топка. Се додава и маслото и се измесува.
Ако месите на рака, во измешаните суви состојки со прстите се втрива ладниот путер додека не стани како грубо пченкарно брашно, а потоа се замесува тесто со додавање на ладната вода и маслото. Не треба да се меси претерано, зошто крекерите нема да бидат крцкави.
Се сучи многу тенко, се вадат кругчина или форми по желба, и се редат на хартијата во плехот. Се боцкаат одозгора на неколку места. Се печат 10 мин, малку да се заруменат.
Додека се печат крекерите, се топат 45 гр путер и се меша во него 1/4 лажичка сол. Веднаш штом се извадат од рерна, уште во тавата се премачкуваат со стопениот путер, се ладат на решетка и се чуваат во добро затворена кутија или тегла.