Испечати

Мешана тава

Мешана тава

Состојки

  • 500гр компир
  • 500гр мелено месо
  • 500гр кромид
  • 300гр печурки
  • 2лажици вегета
  • 2гранчиња рузмарин
  • 1 јајце
  • 3лажици маргарин
  • 3лажици брашно
  • 500мл млеко
  • 100гр рендано бело сирење

Подготовка

Прво од меленото месо, една главица рендан кромид, јајцето и зачини се замесуваат ќофтиња.
Компирите се сечат на тркала и се подваруваат во вода со вегета посолена
Кромидот се лупи и се сече на поголеми тркалца и се пропржува заедно со печурките.
Ќофтињата се пржат на зејтин и се реди тавата. Ќофтињата може да се пржат и во форма на топчиња зависно од желбата на готвачот.
Во подмачкан ватростален сад се реди наизменично компир, па ќофте и така се завршува првиот ред. Над него се распоредуваат печурките со кромидот и се се залева со бешамелот. Се пече околу 40 мин на 200 степени и потоа-пријатен ручек

ЗА БЕШАМЕЛОТ-се растопува маргаринот, па му се додава брашното и се пржи со постојано мешање.Одкако ќе се испржи се налева млекото и се меша додека зоврие па на крај му се додава и сирењето. Зачините по вкус на домаќинката, а мој предлог се-рузмарин, ким, вегета, црн бибер