Печен ослич со компир
Состојки
- 9 компира
- 1 кгр. риба
- 250 мл. вода
- 80 гр. маргарин
- 8 чешниња лук
- по 1 лажичка сол и вегата, гумбир и толчена пченкарна сол,
- по малку црвен пипер и 2-3 листа ловор
Подготовка
1. Исечениот компир се става во плек, се додаваат сите зачини - се промешува и се залива со водата. Се додават парчињата риба и сето заедно пак се промешува, се става по површината на коцки исечен маргаринот. Се затвара плекот со фолија, а доколку има капак, нормално се става капакот.
2. Се става во рерна да се пече околу 60 мин, на 200 степена.
Ова е омиленото јадење на ќерка ми, рецептот е наш домашен, а денешниот ручек го спреми таа самата.
Пријатен ручек!