Испечати

Кикири колачиња

Кикири колачиња

Состојки

  • 200гр мелени кикири
  • 100-150гр црно млечно чоколадо
  • околу 200гр чоколадо за готвење - црно/по желба може и бело/
  • 100гр бело чоколадо
  • 1супена лажица путер
  • околу 30-сетина хартиени корпиња/од најмалите/

Подготовка

1. Сомелете ги кикирите на машинче за мелење ореви/никако во блендер за да не се залепат.
2. Млечното чоколадо стопете го на пареа, па замесете тесто со мелените кикири и чоколадото. Тестото треба да биде компактно да не се рони. Од готовото тесто формирајте топчиња во големина на лешник.
3. Црата чоколада за готвење растопете ја...
4. Во секоја корпичка ставете по едно мало лажиче чоколадо и пропуштете по едно од топчињата од кикири. Малку притиснете како би се поткренало чоколадото некаде до средината на топчето. Оставете чоколадото да се стегне.
5. Белата чоколада стопете ја на пареа без додавање на масло, тргнете ја од садот со топла вода кога ќе се стопи и додадете го путерот. Мешајте се додека се добие хомогена смеса од чоколадото со путерот. Оставте ја малку да се стегне/но не премногу-да биде мека како фил за торта/па ставете ја во шприц за декорација и на секое топче од колацето додадете една туфка за украс.
6. По ваша желба хартиената корпичка може да се извади, а може и да остане заедно со неа..