Испечати

Гнезда од мелено месо

Гнезда од мелено месо

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 1 кришка леб
  • 2 лаж зачин
  • 6 јајца од препелица

Подготовка

1. Кромидот се сецка.
2. Морковот се ренда на ситната страна од рендето.
3. Кришката леб се потопува во малку вода, и одкако ќе одстои неколку минути се стиска за да се исцеди водата.
4. Во меленото месо се додаваат кромодот, морковот, лебчето, 1 јајце и зачинот.
Потоа сето тоа убаво се замесува и од него се прават топчиња.
Секое топче се расплескува. Потоа на средината на секое парче се прави вдлабнатинка, јас тие ги правев со помош на толчник.
Во секоја вдлабнатинка се крши по едно јајце од препелица.
Од оваа смеса излегуваат 6 парчиња.
Се редат во тавче обложено со хартија за печење, и се печат на температура од 180 степени околу 45 мин.