Печени пица лепчиња
Состојки
- 8-10 парчиња леб
- 150 гр рендано сирење
- 150 гр рендан кашкавал
- 150 гр шунка или некоја друга врста на сувомеснато
- 8-10 лажици доматно пире
- 30гр путер
Подготовка
Најпрво уклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Во меѓувреме можете да ги спремите лепчињата. Се препорачува да се користи малку поладен леб затоа што така лепчињата ќе бидат покрцкави. Најдобро е да се користи и тавче што не се лепи, ќе ставите помалку путер и лепчињата нема воопшто да се залепат.
Лепчињата од двете страни намачкајте ги со путерот и наредете ги на тавчето. Ставете по приближно една лажица доматно пире на секое лепче и убаво намачкајте ги. Ставете го сирењето па потоа шунката, или некој друг вид на сувомеснато и на крај додадете го кашкавалот.
Ставете ги лепчињата во загреаната рерна и печете ги 10-15 минути. Сервирајте ги и појадокот е готов.