Чоколино бронхи коцки
Состојки
- За долниот слој
- 0,5 л чоколадно млеко
- 10 лажици чоколино
- 10 лажици мелени бисквити
- 100 гр чоколадо во прав
- За горниот слој
- 0,5 л чоколадно млеко
- 200 гр бронхи бомбони
- 200 гр млечно чоколадо
- 100 гр чололадо во прав
- 30 гр желатин
Подготовка
1. Во загреаното чоколадно млеко се додаваат останатите состојки. Добро се промешува и се истура во плех (отприлика 20х40)
2. Бомбоните и чоколадата се растопуваат во чоколадното млеко на среден оган, повремено промешувајќи. Кога ќе се стопат, се додава чоколадата во прав и желатинот.
* Ќе добиете релативно течна смеса но, нека не ве плаши тоа-со ладењето ќе се здрви.
Смесата се истура врз 1 слој и се остава во фризидер на неколку саати да се фиксира. Потоа се сечи на коцки од околу2,5см.
* На сликата се коцки од пола доза, каде во првиот место чоколадо во прав, ставив какао (како замена бидејќи не ми стигна)-затоа е потемен.. би требало да се разликува во нијанса од др. слој. А во 2 слој ставив пола млецно чоколадо со лешници и пола црно за готвење. Значи, ако одите точно по рецептот, ке добиете 2 слоја кои во нијанса ќе се разликуваат од овие на сликата.
Повелете, сладете се!